Бискупот Стојанов на Радио Марија молеше за мир во Украина

Бискупот Стојанов на Радио Марија молеше за мир во Украина

Во вечерните часови на 26 јануари 2022 година, денот посветен на молитва за мир во Украина, Скопскиот бискуп и Струмичко — скопски епарх по таа накана преку телефонска линија заедно со слушателите и верниците молеше Света Бројаница на брановите на Радио Марија.

Пред почетокот на молитвата епископот Стојанов истакна дека во оваа прилика упатуваме молитва до Пресвета Богородица заземајќи јасна страна, а тоа е страната на мирот и мирно решавање на сите проблеми и недоразбирање во Украина и светот, знаејќи дека со војна нема победници, сите се губитници. Ќе бидеме победници кога нема да дозволиме да зборува оружјето, туку кога решението ќе се бара преку дијалог и взаемно почитување на сите засегнати страни.

На крајот пак од Бројницата заблагодарувајќи се на сите оние кои се придружија на молитвата потсети дека во недела за време на сите свети Литургии ќе бидат внесени дополнителни молитвени повици за мир во Украина. Во продолжение на неговото обраќање епископот Стојанов ги повика верниците да продолжат да се молат за Украина и за мир во целиот свет.

Откако папата Фрањо на 23 јануари 2022 година упати апел за молитва во Украина, следуваше повик до верниците во Македонија од епископот Стојанов, поединечно и во заедништво да се молат за мир во Украина.

к.мк

Бискупот Стојанов повикува на молитва за мир во Украина

Папата повика на молитва за мир во Украина

Папата: Украина заслужува мир

Категорија: Вести, Македонија

За авторот