Бискупот Стојанов му додели благодарница и медалјон на кардинал Пуљиќ

Бискупот Стојанов му додели благодарница и медалјон на кардинал Пуљиќ

Во знак на благодарност за татковската близина и срдечната поддршка која ја дава на Црквата во Македонија, а посебно при организацијата на Апостолската посета на Македонија на светиот Отец, папата Фрањо, бискупот Стојанов на крајот од светата Литургија во рамки на 77. заседание на Бискупската конференциија на Босна и Херцеговина, во Сараево на 3 ноември 2019 година, на кардинал Пуљиќ му додели Благодарница и медалјон со ликот на свети Иван XXIII и света Мајка Тереза, кој е изработен во Ватикан по повод 29. Апостолско патување во Бугарија и Македонија.

За време на својот престој во Босна и Херцеговина бискупот Стојанов додели медалјони на повеќе луѓе и институции од Босна и Херцеговина за нивниот придонес при организацијата на посетата на папата Фрањо на Македонија.

Ватикан њуз/к.мк

Фото: КТА

Категорија: Вести, Македонија

За авторот