Бискупот Стојанов го прими првиот примерок од Монографијата ,,Историска посета на Светиот Отец – прво македонско добредојде за папата Франциск“

Бискупот Стојанов го прими првиот примерок од Монографијата ,,Историска посета на Светиот Отец – прво македонско добредојде за папата Франциск“

На 13 декември 2021 година во бискупската резиденција во Скопје, бискупот Стојанов во посета го прими директорот на Комисијата за верски заедници и религиозни групи, г-дин Даријан Сотировски.

Во пријатна и срдечна атмосфера, г-дин Сотировски му го врачи првиот примерок од монографијата ,,Историска посета на Светиот Отец – прво македонско добредојде за папата Франциск“ на бискупот Стојанов. Директорот на Комисијата г-дин Сотировски истакна дека со оваа монографија се остава „трајна споменица за овој неповторлив и маркантен настан на кој имавме чест да работиме во 2019 година.“

Од своја страна бискупот Стојанов се заблагодари за монографијата, посебно за вложениот труд од страна на Комисијата за верски заедници и религиозни групи, без чиј ангажман немаше да го види светлото на денот.

На средбата исто така стана збор и за тековните активности на Католичката Црква и подготовките за престојниот празник Рождество Христово – Божиќ, како и за активностите на Комисијата за верски заедници и религиозни групи.

Ватикан њуз/к.мк

Фотографии: ФБ профил на Даријан Сотировски

Категорија: Вести, Македонија

За авторот