Бискупот Стојанов го прими амбасадорот на Аргентина

Бискупот Стојанов го прими амбасадорот на Аргентина

На 10 март 2017 Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов го прими во настапна посета Н.Е. г. Алберто Алфредо Мануел Труеба, новоименуваниот амбасадор на Република Аргентина за Република Македонија, со седиште во Софија, во придружба на неговата сопруга.

Во срдечен разговор амбасадорот Труеба ја искажа својата радост по повод ова посета и ја истакна поврзаноста помеѓу Аргентина и Католичката Црква на овие простори.

Бискупот Стојанов му искажа добредојде на новиот амбасадор и накратко го запозна со историјата и животот на Католичката Црква во Македонија, спомнувјќи ги неодамнешните големи настани поврзани со прославата на канонизацијата на света Мајка Тереза. По тој повод бискупот Стојанов му ја подари на амбасадорот Труеба монографијата „Денови на света Мајка Тереза“ и медалјон од светицата.

Бискуп Стојанов му заблагодари за амбасадорот Тимоние на посетата и му посака успешна дипломатска мисија и дека наскоро ќе можат повторно да се сретнат.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот