Бискупот Стојанов го посети Католичкиот училишен центар Дон Боско во Жепче и светилиштето на свети Леополд во Маглај

Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов кој е во повеќедневна посета на Врхобосанската надбискупија и гост кај митрополитот за Скопската бискупија, кардинал Винко Пуљиќ и учествуваше на заседание на бискупите на Бискупската конференција на Босна и Херцеговина со членовите на Конференцијата за вишите монашки поглавари и поглаварки, во четврток 1 мај, во придружба на соработникот дон Давор Топиќ го посети Католичкиот училишен центар Дон Боско во Жепче, кој е дел од мрежата на католички училишта во Босна, чиј што промотор е помошниот бискуп д-р Перо Судар.

Бискупот Стојанов беше пречекан од оците салезијанци кои управуваат со Католичкиот училишен центар и му ја претставија установата, каде што моментално работи општа гимназија и техничко занаетчиско училиште. Тие исто така напомнаа за своето послание и дека работат според желбата на нивниот основач, Дон Боско и дека во младите сакаат да вткајат човечки и христијански вредности, истакнувајќи дека училиштето настојува да им помогне на учениците да се здобијат со хуманистичко и општо културно образование, и да бидат отворени за општествените потреби.1695_1

Во разговорот со салезијанците бискупот Стојанов се присети на своите студенстки денови и за својот престој во селезијанскиот колегиум во Рим, истакнувајќи ја скапоценоста на Католичкиот училишен центар на подрачјето на Врхобосанската надбискупија. Се заблагодари на салезијанците на пријатната средба и истакна дека е радосен што во Босна преку своите синови салезијанци е присутен светиот Дон Боско и дека се надева еден ден ваков центар дека ќе има и во Македонија.

По посетата на Католичкиот училишен центар Дон Боско во Жепче, бискупот Стојанов го посети светилиштето Свети Леополд Богдан Мандиќ во Маглај. Посетувајќи го светилиштето и црквата се задржа во молитва пред реликвиите на светецот и влезе во собата која е реплика на исповедалницата на свети Леополд, а во книгата за гости која се наоѓа во собата запиша: „Свети Леополде, моли за единство на Црквата во Македонија“.(д.т)

Категорија: Македонија

За авторот