Бискупот Стојанов врачи благодарница на Католичкиот богословски факултет за поддршката во организацијата на Папското доаѓање

Бискупот Стојанов врачи благодарница на Католичкиот богословски факултет за поддршката во организацијата на Папското доаѓање

Во понеделник 4 ноември 2019 година, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов кој се наоѓа на редовното 77. заседание на Бискупската конференција на БиХ се сретна со професор д-р Томашевиќ декан на Католичкиот богословски факултет во Сараево во зградата на факултетот.

Преку збор на благодарност на деканот Томашевиќ и о. професор Марко Станушиќ кој присуствуваше на средбата, бискупот Стојанов истакна дека неговиот повод за доаѓањето во деканатот е гест на благодарност за доаѓањето и волонтерската поддршка која Католичкиот богословски факултет ја даде на Црквата во Македонија по поводот доаѓањето на Апостолска посета на Светиот Отец папа Фрањо во Скопје во мај оваа година.

Исто така бискупот се заблагодари и на професор Станушиќ за придонесот во организацијата на литургиската прослава и за свирењето за време на свеченото евхаристиско славење со Светиот Отец во Скопје.

Соговорниците се присетија на радосниот настан Апостолската посета како и повеќедневниот престој на студентите и професорите во Скопје што за нив било едн големо и богато искуство. Во знак на благодарност бискупот Стојанов му додели на деканот Томашевиќ Благодарница, на КБФ и медалјон со ликот на Светиот папа XXIII и Света Мајка Тереза кој е изработен по повод 29. Апостолско патување на папата Фрањо. Исто така ист дар на благодарност му даде и на професор Станушиќ.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот