Бискупот Стојанов во посета на кардинал Пуљиќ

Бискупот Стојанов во посета на кардинал Пуљиќ

Во надбискупската резиденеција во Сараево во четврток 14 октомври 2021 година, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов беше примен од врхбосанскиот митрополит и кардинал Винко Пуљиќ.

Бискупот Стојанов со кардинал Пуљиќ го сподели своето убаво искуство од прославата на Богородица од Брза помош, кој се славеше на 13 октомври во парохијата Вознесение Господово во Нов Травник, каде што ја предводеше светата Миса и процесијата.

Исто така соговорниците разговараа за митрполитската поврзаност и соработката, како и за настани од животот на Црквата. Кардинал Пуљиќ се заблагодари на бискупот Стојанов за неговата посета и средба истакнувајќи дека во свеото срце и во молитвите ја носи Црквата во Македонија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот