Бидете видлив знак на Христовата љубов

И понатаму бидете видлив знак на Христовата љубов кон оние во потреба – ги поттикна Папата членовите на друштвото Свети Петар, кои ги прими на аудиенција на 31 октомври во Ватикан. Папата им се заблагодари за подршката во каритативното делување на Црквата и на традиционалниот допринес, собран во римските цркви.

Верата кога се живее вистински поттикнува на дела на љубовта – рече папата Фрањо, потсетувајќи за завршетокот на Година на верата. Црквата ја обнови верата во Исус Христос и ја оживеа радоста што оди по неговиот пат. Имаме толку многу едноставни сведоштва на лица кои се апостоли на љубовта во семејствата, училиштата, парохиите, на работните места, насекаде… Тие сериозно го сфаќаат Евангелието. Вистинскиот ученик Господов лично учествува во добротворната љубов, чиј што димензии се разнолични и неисцрпливи за сиромаштвото на човекот – истакна Светиот Отец.

Заблагодарувајќи се за подршката при каритативната грижа на Светата Столица за лицата со потреби, Светиот Отец истакна дека членовите на Друштвото, формирано 1869 година се пратени кон најсиромашните браќа и сестри, бедните и маргинализираните. Вие тоа го правите како христијани, чувствувајќи дека тоа е ваша задача како лаци, секојдневна служба на Црквата, а не некоја вонредна или пригодна служба – објасни Папата.

Секојденво ни доаѓаат нови предизвици. Секој е повикан секој ден да биде тешител, да биде понизно, но великодушно орудие на Божјата провидност и неговата милосрдна добрина; неговата љубов, која сфаќа и чувствува, негова олеснувачка и охрабрувачка утеха. Сите сме повикани секојдневно да бидеме Божја нежност кон оние кои можеби не заборавиле, кои не ги заборавиле првите нежности, и оние кои можеби никогаш во животот не почувствувале некоја нежност. За Светата Столица во Рим вие сте нежноста Божја. Од срце ви благодарам – рече Папата.

Повикувајќи ги сите да продолжат да бидат видлив знак на Христовта љубов кон оние во најголема потреба, било материјална, било во духовна смисла, како и кон поклониците кои доаѓаат во Рим од целиот свет, Папата му се заблагодари на друштвото за Петровиот денар, кој се собира во римските цркви.

Тоа е ваше карактеристично делување во мојата грижа за оние во потреба од овој град. Ве охрабрувам да продолжите со своето делување, со молитва и слушање на Божјото Слово во училиштето на Божјата љубов за да црпите љубов кон браќата – заврши Светиот Отец.

Извор: РВ/Превод: го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот