Бенедикт XVI: Нема двајца Папи. Одлуката за повлекување беше исправна

Бенедикт XVI: Нема двајца Папи. Одлуката за повлекување беше исправна

Во интервју за Кориере дела Сера, почесниот папа Бенедикт XVI рече дека повлекувањето е „тешка одлука“, но е донесена „со целосна свесност“. Според него, тој донесе вистинската одлука.

Повлекувањето од понтификатот, која стапи на сила пред осум години, беше „тешка одлука“, но донесена „со целосна свесност“ за која тој никогаш не се покаја. Почесниот папа Бенедикт XVI, иако со едвај слушлив глас, го повтори она што постојано го кажуваше, побивајќи ги „фанатичните пријатели“ кои продолжуваат да гледаат „теории на заговор“ во неговата одлука да ја напушти катедрата на Свети Петар поради старост. Ова го потенцираше во интервју за италијанскиот магазин „Кориере дела сера“.

„Тоа беше тешка одлука“, објаснува почесниот Папа. Но, одлучив со целосна свесност и сметам дека ја донесов вистинската одлука. Некои од моите донекаде „фанатични“ пријатели сѐ уште се лути, не сакаа да се согласат со мојата одлука. Мислам на теориите на заговор што следеа: некои велат дека тоа е поради скандалот „Ватиликс“, некои зборуваат за заговорот на хомосексуалното лоби, некои велат дека станува збор за случајот со конзервативниот теолог Лефевре Ричард Вилијамсон. Не сакаат да веруваат во мојата свесна одлука. Но, совеста ми е чиста“.

Бенедикт XVI зборуваше и за претстојната посета на Папата на Ирак: „Мислам дека ова е многу важно патување. За жал, тоа се одвива во многу тежок период, што го прави опасно патувањето: од безбедносни причини и поради Ковид-19. И ситуацијата во Ирак е нестабилна. Јас ќе го придружувам папата Фрањо со молитвите“, уверува Бенедикт XVI.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот