Бенедиктинецот отец Колумбан Рајхлин е новиот капелан на Швајцарската гарда

Бенедиктинецот отец Колумбан Рајхлин е новиот капелан на Швајцарската гарда

Швајцарската бискупска конференција на 1 септември 2021 година објави дека бенедиктинецот отец Колумбан Рајхлин (50) е именуван за нов капелан на Швајцарската гарда.

На 1 октомври, отец Колумбан ќе ја преземе службата од отец Томас Видмер (36), кој ќе биде администратор на парохијата „Пресвето Срце Исусово“ во Цирих.

Рајхлин потекнува од кантонот Швиц, во 1991 година влегува во манастирот во Ајнзиделн. По студирањето теологија во Ајнзиделн и Индијана (САД), е ракоположен за свештеник во 1997 година. Потоа студира историја и литургија во Берн, Фрајбург и Рим. Во манастирот е одговорен за поклоненијата, од 2009 до 2020 година бил поглавар на манастирската заедница Свети Геролд во Воралберг.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот