Бендикт XVI : Никој не вршел притисок врз мене, тоа се апсурдин тези

Почесниот папа Бенедикт XVI напиша писмо до познатиот ватиканист Андреа Торниели и во него ги демантира тврдењата дека некој вршел притисок над него за да се повлече, и сето тоа го нарече „апсурдни тези“.

Бенедикт XVI писмото го напиша поради новите шпекулации за новодни притисоци на него, кои, како што тврдат теоретичарите на завера, го натерале минатата година да го шокира целиот свет и да го објави своето повлекување.

„Нема ни миниум сомнеж во валидноста на моето повлекување од Петровата служба. Единствен услов за валидност е полната слобода кога е донесена одлуката. Сите шпекулации дека во таа смисла мојата одлука е невалдина се апсурдни“, пишува почесниот Папа.

Бенедикт XVI ја брани и својата одлука да продолжи да носи бела реверенда. Рече дека причината за тоа е од практична природа, бидејќи во моментот на неговото повлекување, немаше друга облека. Истоа така додаде дека е видливо како носи бели реверенди, на потполно поинаков начин од папата Фрањо.

„Тоа е повторно само бесмислена шпекулација“, порача Бенедикт XVI.

Инаку пред неколку седмици контроверзниот швајцарски теолог Ханс Кинг ја пренесе во медиумите содржината од писмото напишано од неговиот понзнаник Бенедикт XVI во кое почесниот Папа пишува дека „неговата единствена задача сега е да се моли за папата Фрањо“. Некои медиуми ја оспорија автентичноста на тој цитат, но сега Бенедикт XVI на прашањето од Торниели му одговори дека сепак „е пренесено во потполна точност“.

Битно нет/го*ко

Категорија: Uncategorized, Ватикан

За авторот