Безгрешно Срце на блажена Дева Марија

Безгрешно Срце на блажена Дева Марија

Денес се слави празникот „Безгрешно Срце на блажена Дева Марија“, кој е основан во 1945 година како траен спомен од посветувањето на Црквата и на човечкиот род на безгрешното Срце на Марија од папата Пиј XII, кога речиси сите народи ја искусија свирепата војна.

Побожноста кон прекрасното Срце на Пресвета Богородица во Црквата датира од потечоците на христијанството. Во свeти Лука се гледаат првите податоци од тајните богатства на она најмило Срце. Исто така и светите Отци и Научителите на Црквата честопати со фалоспеви го славеле прекрасното Срце на Пресвета Богородица. Во средниот век оваа преблага побожност беше откриена од Света Матилда и света Гертруда и од нив негувана била проширена преку нивните списи. Исто така и свети Бернардино од Сиена за оваа побожност бил голем ентузијаст. Но вистинскиот татко, апостолот и докторот на оваа побожност е свети Иван Батиста Еудес (1601 – 1680). Тој бил првиот кој „не без една божествена инспирација (како што се изразил свети Пиј X во декретот за беатификацијата) мислел да отслужи литургија за Пречистото Срце на Марија, компонирајќи ја тој самиот Литургијата и молитвите. И оваа побожност во наследство ја оставил на своите две религиозни семејства: Конгрегацијата „Нашата Владичица од Љубовта“ и на конгрегацијата „Исус и Марија“. За оваа побожност дури го напишал и скапоцениот трактат: Прекрасното Срце на Пресвета Богородица.

Побожноста потоа растејќи стигна до онаа на Пресветото Срце Исусово, и од 12. век до денес многу религиозни семејства на посебен начин се посветуваат да го чествуваат оваа премило Срце. Во минатиот век, посветеноста на „чудотворната Богородица“, која на задниот дел стојат двете срца на Исус и Марија, беше еден силен поттик за карактерот на „исправка“ дека оваа посветеност доби силен замав после објавувањето во Фатима.

Всушност Пресвета Богородица, појавувајќи им се на трите среќни овчарчиња, им рече: „За спасние на грешниците, Бог сака да воспостави во светот една побожност кон моето Безгрешно Срце, и ако тоа се случи како што ви реков, многу души ќе се спасат. И замоли да се молат: Секојдневна света Бројаница, причестување во секоја прва сабота во месецот, покајание: оние покајанија наметнати од сопствената обврска совесно и чесно извршена, прифаќање на крстовите кои Господ ни ги праќа, исто така и доброволни покајанија, како откажување од секаков комодитет, како и умртвување на некои задовослтва иако се легитимни… Таа самата ја кажа оваа молитва: „О Господи, тоа е за вашата љубов, за преобраќање на грешниците и за поправање на навредите сторени против безгрешното Срце на Марија… “ и посветување на самите себе и на целиот свет на Безгрешното Срце.

Да се посветиме на Безгрешното Срце на Марија и денес да направиме едно доброволно умртвување за преобраќање на грешниците.

МОЛИТВА: О семоќен и вечен Боже, Ти кој во Срцето на Блажена Дева Марија си подготвил едно достојно живеалиште за Светиот Дух, биди милостив кон нас кои побожно го славиме празникот на Безгрешното Срце за да живееме според твоето срце.

Светец на денот/З.А.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот