Барскиот надбискуп Ѓонлешај е именуван за апостолски администратор на Которската бискупија

Барскиот надбискуп Ѓонлешај е именуван за апостолски администратор на Которската бискупија

На 18 март папата Фрањо го именува надбискупот од Бар Рок Ѓонлешај за апостолски администратор на испразнетото седиште на Которската бискупија (Црна Гора), соопшти Апостолската нунцијатура во Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Апостолската нунцијатура во Босна и Херцеговина и Црна Гора во своето соопштение ја информира јавноста дека по преместувањето на монс. Иван Штироња, од Которската бискупија (Црна Гора) во Поречко-пулската бискупија (Хрватска) и неговото преземањето на таа бискупија на 18 март 2023 година во канонско владение, папата Фрањо го именува бискупот од Бар Рок Ѓонлешај за апостолски администратор на испразнетото бискупско седиште на Которската бискупија (Црна Гора).

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот