Архиепископот Каповила: секогаш сум се чувствувал слуга Божји

Меѓу новоименуваните кардинали е и архиепископот Лорис Франческо Каповила, поранешен личен секретар на блажениот папа Иван XXIII. Кардиналското именување е голема чест за 98 годишниот архиепископ

и тоа во годината кога папата Ронкали ќе биде прогласен за светец, 27 април оваа година. Осврнувајќи се на кардиналската почест, архиепископот рече дека е изненаден од именувањето.

Со папите сум многу приврзан, така сум воспитуван во семинаријата во Венеција, и тоа не само со чувствата, туку и со умот и своето делување во текот на 74 години свештенство. Именувањето многу ме изнанади. Се зачудив и си реков: И јас сакам да го повторам она што го кажа еден човек од Бергамо, кога беше именуван за кардинал, и сакаше да се впиши на неговиот грв: Само твојата милост – изјави за Радио Ватикан архиепископот Каповила.

Добиеното признание е како зрак светлина на залезот од мојот живот и треба да се заблагодарам на папата Иван XXIII, неговите примери и светост, како и добрината и љубезноста на папата Фрањо, кои погледот го сврте кон еден стар свештеник (…) Секогаш сум се чувствувал Божји слуга, мал меѓу малите – истакна архиепископот Каповила.

РВ/го*ко

Категорија: Свет

За авторот