Архиепископот Зимовски поттикнува на солидарност со аутистите

Постои вистинска потешкотија во комуникацијата со лицата со аутизам и нивното вклучување во општеството. Тоа е тажен факт истакна претседателот на Папскиот совет за здравствени работници, архиепископот Зигмунд Зимовски, во пораката за VII Светски дена на аутизам, кој се одбележа на 2 април 2014 година.

Одговорот е сложен, смета архиепископот Зимовски, а се темели на „етика на солидраност, која треба сите да ја откриеме и промовираме“. Потребно е да се отвори пат за вклучување во заедницата: со зацврстување на меѓусебните односи и да се отстртанат одвојувањата и препреките, кои се последици на патологијата и предрасудата. Тоа може да се постигне со силно заземање на општеството, со здружени сила за нега, информирање, комуникација, формација, поттикнувајќи вистинско сфаќање и прифаќање на болеста, која никогаш не го руши човечкото достоинство – истакна претседателот на Папскиот совет.

Како потврда заземења на Црквата во борбата против аутизмот, архиеписопот Зимовски истакна дека Папскиот совет е организатор на XXIX меѓународна конференција во Ватикан од 22 до 22 ноември оваа година, под мотото „Аутизмот болест со многу лица: раѓање на надеж“. На конференцијата ќе учествуваат истражувачи, стручњаци и здравствени работници од целиот свет – стои во пораката.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот