Аргентина: Потребна е братска солидарност

Аргентина: Потребна е братска солидарност

Папата Фрањо испрати писмо до надбискупот на дијацезата Санта Фе де ла Круз и до претседателот на Аргентинската бискупска конференција, монс. Хозе Марија Аранцедo, за да ја изрази својата близина на аргентинскиот народ кој поминува низ тешки моменти.

Имено во последните неколку денови во оваа јужноамериканската земја паѓаат поројни дождови поради што повеќе од седум илјади луѓе се евакуирани. Светиот Отец во своето писмо ја изразува својата духовна близина на луѓето кои морале да ги напуштат своите домови и кои загубиле сè, плодовите на повеќегодишните жртви и работата.

Папата потоа истакна дека со молитва и охрабрување ќе ги следи браќата епископи, свештениците и верниците, во овој момент на потреба да бидат близу до својот народ. Се моли и за властите, институциите и волонтерите соработувајќи во духот на единството да им понудат на сите погодени сведоштвото на братската солидарност.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот