Апостолскиот поттик „Amoris laetitia“ и свети Јосиф

Апостолскиот поттик „Amoris laetitia“ и свети Јосиф

На празникот свети Јосиф и во годината посветена на заштитникот на целата Црква, започна Годината на семејството Amoris laetitia, пет години по објавувањето на Апостолскиот поттик на папата Фрањо.

Свети Јосиф и семејството. Човек праведен и мудар – со тие зборови во средата на Генералната аудиеција, папата Фрањо го опиша свети Јосиф. Татко сакан, нежен, грижлив, послушен и во сенка, татко со креативна храброст – истакна пак во Апостолското писмо „Patris Corde“ со кое на 8 декември 2020 година ја одреди Годината на Свети Јосиф. Таа година се поклопува со Годината на семејството која започна на празникот на свршеникот на Марија и пет години по објавувањето на Апостолскиот поттик на папата Фрањо „Amoris laetitia.“ Интересна е уште една поврзаност; папата Фрањо Апостолскиот поттик го потпиша токму на 19 март 2016 година за време на Јубилејот на милосрдието и под заштита на свети Јосиф.

Година на семејството Amoris Laetitia

Годината посветена на семејството Amoris laetitia папата Фрањо ја најави во пладневниот наговор на празникот на Светото семејство 27 декември 2020 година. Таа започна на 19 март 2021 година пет години по објавувањето на аАпостолскиот поттик, а ќе заврши на 26 јуни 2022 година по повод десетата Светска средба на семејства која ќе се одржи во Рим. Тоа ќе биде година на размислувања – објасни најавувајќи ја и можноста за подлабоко проучување на содржината на документот. Пасторалните, духовните и културните иницијативи се доверени на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, која на веб страницата на пет јазици (www.amorislaetitia.va) стави на располагање помошни материјали и објави состаноци и размислувања за тој папски документ.

Самиот Папа во текстот ја објаснува важноста на документот Amoris laetitia. Тој поттик – пишува, поприма посебно значење во контекст на оваа Јубилејна година на милосрдието. Прво, затоа што ја сметам за предлог за христијанските семејства за да ги поттикне да ги ценат даровите на бракот и семејството и да ја зачува силната љубов полна со вредности како што се великодушноста, ангажирањето, верноста и трпението. Второ затоа што сака да ги охрабри сите луѓе да бидат знаци на милосрдието и во близина таму каде семејниот живот не се остварува совршено или не поминува во мир и радост – истакнува Папата.

Назаретското семејство – ѕвезда Северница

Папата Фрањо се осврнува на Назаретското семејство со нежно секојдневие полно со напори и големи грижи, како што е насилството на Ирод кое и денес повторно се остварува на кожата на бројни бегалци, но и со неговиот сојуз на љубовта и верноста кои даваат облик на секое семејство и го прави способно за полесно соочување со случувањата во животот и во историјата. Во тој документ Папата ги наведува зборовите на Павле VI од неговиот говор одржан во Назарет на 5 јануари 1964 година.

Овде го сфаќаме начинот на живот во семејството. Нека Назарет нѐ потсетува што е семејство, што е заедништво на љубовта, неговата скромна и едноставна убавина, неговата света и неповредлива особина; нека ни покаже дека е нежно и незаменливо воспитанието во семејството, нека нѐ поучи на својата природна функција во општествениот поредок – рече папата Павле VI.

Јосиф како „глава на семејството“ ја презема грижата за тоа богатство; тој нѐ учи – пишува папата Фрањо во Апостолското писмо „Patris Corde“ да се има вера во Бог значи исто така да се верува дека Тој може да делува и преку нашите стравови и нашите слабости. Вистинско чудо е со кое Бог го спасува Детето и неговата мајка, препуштајќи се на неговата креативна храброст. На тој лик кој верниците толку го сакаат, 150 години после неговото прогласување за заштитник на целата Црква благодарение на декретот „Quemadmodum Deus“ на папата Пиј IX, папата Фрањо одлучи да посвети Година на свети Јосиф.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Колумни

За авторот