Апостолскиот нунциј во Македонија се сретна со Дебарско – кичевскиот митрополит Тимотеј

Апостолскиот нунциј во Македонија се сретна со Дебарско – кичевскиот митрополит Тимотеј

За време на посетата на Охрид, во четврток 24 ноември 2022 година, Апостолскиот нунциј во Македонија Н.Е. монс. Лучијано Суријани, придружуван од Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов оствари средба со Дебарско – кичевскиот митрополит Тимотеј.

На средбата Апостолскиот нунциј Лучијано Суријани ја повтори посветеноста на Светиот Престол и Католичката црква за развивање на добри и пријателски односи. Понатаму соговорниците се осврнаа на животот и активностите на Црквите кои ги претставуваат, ставајќи акцент на важноста на екуменскиот дијалог и соживот.

Во рамки на посетата во Охрид нунцијот Суријани и бискупот Стојанов го посетија и Пасторалниот центар и Католичката црква „Свети Кирил и Методиј и свети Бендикт“.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот