Апостолскиот нунциј во Македонија монс. Пекорари на Мисата за семејства: Семејството е привилигирано место за пренесување на верата

Му благодарам од сѐ срце на Н.В.П. монс. Киро Стојанов, бискуп скопски и Апостолски егзарх во Македонија, што ме покани да ја предводам оваа свечена Евхаристија посветена на Семејствата од Католичката заедница во Македонија, во Годината во која, во Ватикан, ќе се одржи Третата вонредна епископска синода посветена на Семејството. Нашиот Папа Фрањо ги покани католиците од сиот свет да се молат за семејствата и да размислуваат за темелните вредности на Семејството за Црквата, за Верата, за цивилното општество, за мир во светот. Семејството е во срцето и во центарот на животот на Црквата и на општеството.

Благодарам за вредниот поклон, иконата која го претставува Светото Семејство од Назарет. Оваа икона ќе ме поттикнува да ги молам секогаш Исус, Блажена Дева Марија и Свети Јосиф, нејзиниот свршеник, за драгите семејства од Католичката заедница во Македонија.

Драги свештеници, чесни сестри и верници, драги семејства овде присутни на оваа Света Литургија, драги родители, синови и ќерки, дедовци, внуци, возрасни, млади и деца; драги млади кои се подготвувате за прием на светата тајна Брак; драги брачни парови кои го живеете бракот; за време на оваа Света Литургија го сретнавме Воскреснатиот и Живиот Спасител кој го основа големото семејство кое е Црквата; го одбележавме Светото Семејство од Назарет; ги посветивме нашите семејства на Безгрешното Срце Мариино; се обврзавме да бидеме цврсти, искрени, длабоки врски кои постојат во нашите семејства, внатре во големото Семејство кое е Католичката Црква. За нас католиците семејството е место на Вера, на Љубов, на споделување и на мир.

Семејството е амбиент на вера, бидејќи во семејството сите ние сакаме да ја живееме нашата католичка вера: децата, младите, брачните парови и старите; лица на радост и лица на страдања, лица здрави и лица болни. Живеејќи ги со вера сите ситуации од животот кои се однесуваат на семејството, со нив ние растеме во заедништво со Бог, во Божјата благодат, во светоста. Во семејството често пати има и проблеми и искушенија кои можат да ги доведат во криза бракот и меѓусебните односи или можат да отидат против големата вредност, кој е човечкиот живот: со вера ние можеме да ги победиме овие искушенија и проблеми. Семејството е привелигирано место да се добие верата од генерациите кои беа пред нас и за пренесување на католичката вера на новите генерации. Во таа смисла продолжува Традицијата на католичката вера во нашата драга Македонија.

Семејството, на слика од Светото Семејство од Назарет, е реалност втемелена врз Љубовта, кое треба да ја живее љубовта. Таму има љубов на брачните парови, љубов на родителите и на децата, љубов на младите и на старите. Љубовта не е пред сѐ „емотивна“, туку е чувство кое постанува живот исполнет со конкретни дела, дела на меѓусебна помош, на споделување, на солидарност. Човечката љубов е основана врз Божјата Љубов, таа е љубов на Божјо подобие кое се нарекува Љубов, во имитација на Исус кој, од љубов, даде сѐ за нас жртвувајќи го и Својот живот. Човечката љубов е извор на радост, но може да дојдат и кризи. Значи Божјата Љубов помага да се надминат сите кризи. Светата Тајна Брак е втемелена врз Љубовта и Милоста Божја.

Нашите католички семејства не треба да се затворат во себе самите, туку треба, со љубов да се отворат кон сите. Треба да ги сакаат сите, пред сѐ тие што страдат, тие кои се во искушение, тие кои се прогонувани поради нивната вера. Нашите семејства треба да ги сакаат и им помагаат на болните и на тие што имаат потреба. Нашите семејства треба да го градат мирот во местата каде што живеат, во општеството на Македонија, во светот.

Предраги да ја молиме Блажена Дева Марија со Своето Пресвето Срце да ги штити нашите семејства и да им помага да бидат место на вера, на Љубов, на споделување и на Мир. Таа која е наша Небеска Мајка нема да ги напушти нашите семејства, туку ќе им помогне како и секоја вистинска мајка која ги сака своите деца.

Предраги, јас како, Апостолски Нунциј, го претставувам Папата Фрањо, Наследник на светите апостоли Петар и Павле, Римски Епископ, Сеопшт Пастир, центар на заедништвото со големото Семејство кое е Црквата, од сѐ срце ви го поделувам Апостолскиот Благослов. Со тој благослов Бог Отец, Бог Син и Бог Дух Свети, ќе влезе уште повеќе во вашите семејства и ќе направи да растете во Верата и Љубовта.

Категорија: Македонија

За авторот