Апостолскиот егзархат во Србија воздигнат во епархија

Апостолскиот егзархат во Србија воздигнат во епархија

Светиот Отец папата Фрањо на 6 декември 2018 година го воздигна Апостолскиот езгархат за верниците католици од византиски обред во Србија во епархија насловена „Свети Никола – Руски Крстур“. Истовремено папата Фрањо го именува монс. Ѓуро Џуџар за прв епархиски епископ.

Монсињор Џуџар е роден во Ѓурѓево (Србија) на 22 април 1954 година. За свештеник е ракоположен на 7 септември 1980 година во епархијата Крижевци (Хрватска). Неколку години е во служба на Конгрегацијата за Источни цркви. На 3 март 2001 година е именуван за титуларен епископоп на Акрасо и помошен епископ на Мукачево, а на 19 март 2001 година е хиротонисан во Рим од рацете на свети Иван Павле II. На 28 август 2003 година е прогласен Апостолскиот егзархат за католиците од византиски обред во Србија и Црна Гора и тој беше именуван за прв егзарх. Од 19 јануари 2013 година, јуриздикцијата на егзархатот е ограничена само за верниците од Србија.

к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот