Апел на Светиот Отец: Младите имаат право на образование

Апел на Светиот Отец: Младите имаат право на образование

На крајот од Генералната аудиенција во среда 9 септември 2020 година папата Фрањо упати апел во кој се вели:

Денес е првиот Меѓународен ден за заштита на образованието од напади, во контекст на вооружени конфликти.

Ве повикувам на молитва за студените кои заради војни и тероризам се сериозно лишени од правото на образование. Ја повикувам меѓународната заедница да даде сѐ од себе за да се обезбеди почитување на зградите што треба да ги штитат младите студенти. Нека не изостануваат напорите кои имаат за цел да им гарантираат сигурни опкружувања за образование, посебно во вонредни хуманитарни околности.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот