Апел на папата Фрањо и кралот Мухамед VI. за Ерусалим

Апел на папата Фрањо и кралот Мухамед VI. за Ерусалим

Папата и кралот Мухамед се заземаат Ерусалим да биде место на средба и симбол на мирен соживот во кој се негуваат меѓусебното почитување и дијалогот

Препознавајќи ја единственоста и свтетоста на Ерусалим и имајќи го на срце неговото духовно значење и посебност на неговиот повик како град на мирот, папата Фрањо и кралот Мухамед VI сметаат дека е многу важно да се зачува светиот град Ерусалим како заедничко наследство на човештвото, посебно за верниците на трите монотеистички религии, како место на средба и симбол на мирен соживот во кој се негува почитувањето и дијалогот – пишува во апелот кој на 30 април 2019 година во Мароко го потпишаа папата Фрањо и кралот Мухамед VI.

Со таа цел бараат како посебна карактеристика на Ерусалим да се зачува мултирелигиозноста и духовната димензија, како и неговиот културен идентитет. Затоа се надеваме дека во овој свет град ќе се гарантира потполна слобода за пристап на верниците на трите монотеистички религии и право на секој да има сопствен храм, како верниците на тие заедници во Ерусалим би го молеле Бог, Создателот на сите за иднина со мир и братство на земјата –апелираат папата и кралот Мухамед.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот