Апел на папата Фрањо за бегалците во Либија

Апел на папата Фрањо за бегалците во Либија

Се молам посебно жените, децата и болните што порано да бидат евакуирани во хуманитарните коридори.

На 27 април 2019 година во Аргентина за блажени беа прогласени епископот Енрике Анхел Анхелели, фрањевскиот конвентуалец Карлос де Диос Муријас, свештеникот и мисионер Габриел Лонгуевил и катехистот Венчеслав Педернера – рече папата Фрањо после молитвата Царице небесна и истакна: Тие маченици на верата биле прогонети заради правдата и евангелската љубов. Нека нивниот пример и застапништво ги поддржат посебно оние кои работат за поправедно и посолидарно општество.

Ве повикувам да ми се придружите во молитвата за бегалците кои се наоѓаат во затворите во Либија чија многу тешка ситуација веќе станува уште поопасна заради конфликтите кои се во тек – рече Папата и апелираше: Се молам посебно жените, децата и болните што порано да бидат евакуирани во хуманитарните коридори.

Поздравувајќи ги сите присутни ходочасници Светиот Отец упати честитки до нашите браќа и сестри од Источните Цркви кои според јулијанскиот календар слава Велигден. Нека Воскреснатиот Господ им дарува радост и мир! На крајот се заблагдари на сите кои му испратија честитки за Велигден и им возврати повикувајќи секое добро за секој од нив.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот