Апел на Папата за ослободување на сите киднапирани во Сирија

Во пладневниот говор во недела 26 јули одржан на плоштадот Свети Петар папата Фрањо спомна за сирискиот народ измачен од конфликтот на кој не му се гледа крајот. Посебно повторно упати апел за ослободување на сите киднапирани во таа земја.

Светиот Отец повторно упати апел за ослободување на исусовецот Паоло Дал Оглијо како и на сите киднапирани на подрачјата на кои се води конфликтот. Папата Фрањо не ја заборава Сирија и страдањата на нејзиниот народ и затоа повторно повика на помирување во таа земја. Посебно спомнувајќи дека за неколку дена ќе навршат две години откако е киднапиран патер Паоло Дал Оглијо, Папата упати силен апел за ослободување – како што рече – на почитуваниот монах. Не можам да ги заборавам ниту православните епископи во Сирија, како ниту сите други луѓе кои се киднапирани на подрачјата на конфликтот – рече Папата и изрази надеж за ново заземање на надлежните локални и меѓународни власти за на тие наши браќа да им се врати слободата и поттикна на заедничка молитва за нив.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот