Апел на Папата за миротворен дијалог во Етиопија

Апел на Папата за миротворен дијалог во Етиопија

По завршувањето на молитвата Ангел Господов на 7 ноември 2021 година, Светиот Отец повика на молитва за народите од Рогот на Африка кои се во тешко искушение и го повтори својот повик да надвладее хармонијата и мирниот дијалог.

Со загриженост ги следам вестите кои доаѓаат од Рогот на Африка, особено од Етиопија, која е потресена од конфликт кој трае повеќе од една година и кој предизвика многу жртви и сериозна хуманитарна криза, рече Папата по молитвата Ангел Господов. Светиот Отец повика на молитва за оние народи кои се во тешко искушение и го повтори апелот да надвладее хармонијата и мирниот дијалог.

Папата ги вети  своите молитви за жртвите од пожарот што избувна по експлозијата на гориво во Фритаун, главниот град на Сиера Леоне.

Потсетувајќи се на беатификацијата на тројцата шпански маченици на 6 ноември во Манреса, Папата ги покани присутните да аплаудираат за новите блажени. Во чест на олтарот беа подигнати тројца маченици од Редот на малите браќа капучини: Бене де Санта Колома де Грамене, Жозеп Ориол од Барселона и Доменех де Сант Пере де Риудбитлес. Тие се убиени за време на периодот на верско прогонство од минатиот век во Шпанија, покажувајќи се како кротки и храбри сведоци на Христос. Нека нивниот пример им помогне на денешните христијани да останат верни на својот повик, дури и во време на искушенија, рече папата Фрањо по молитвата Ангел Господов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот