Андреа Бочели е радосен што ќе пее во Даблин за Папата и семејствата

Андреа Бочели е радосен што ќе пее во Даблин за Папата и семејствата

Тенорот Андреа Бочели на 25 август ќе пее за папата Фрањо и семејствата од целиот свет, на Фестивалот за семејства кој ќе се одржи во рамките на Светската средба за семејства во Даблин (21 – 26 август 2018).

Еден од впечатливите моменти на Светската средба на семејства, која ќе се одржи во Даблин, ќе биде фестивалот на семејства, 25 август, кога во „Кроке Парк Стадион“ во Даблин за Папата и за илјадници семејства од повеќе од 100 земји од светот ќе пее Андреа Бочели, кој веќе настапуваше на минатата Светска средба на семејства, во септември 2015 година во Филаделфија. Во ексклузивното интервју за Ватикан њуз, Андреа Бочели зборуваше за важноста на верата за неговиот живот, за личните очекувања од средбата на семејства во Даблин, а се осврна и тоа како музиката може да им помогне на семејствата да ја живеат и сведочат радоста и љубовта, онака како што тоа го бара папата Фрањо.

Андреа најпрво истакна дека е почестен со тоа што е вклучен во оваа благородна иницијатива и истакна дека има посебно чувство кога пее пред Светиот Отец – како што кажа – пред таа харизматична личност. Освен тоа, тоа е и одговорност, бидејќи таквите настани упатуваат пораки, постои можност за испраќање пораки, но тие треба да бидат вистински, исправни. Поради тоа ќе настојува да биде подготвен; ќе дадам сѐ од себе како семејствата од тој музички момент би понеле во својот дом убави спомени.

Осврнувајќи се на зборовите од папата Фрањо кој од семејствата бара да бидат радост на светот, на новинарското прашање може ли музиката да помогне на семејствата во тој предизвик, Андреа Бочели напомена дека сѐ што се работи и има добра намера, може да помогне и навистина помага. Поради тоа некој кој пее си одредува цел да овозможи радост, да овозможи момент на леснотија во која ќе може да се размислува, медитира за смислата на животот, за навистина важни прашања. Во сето тоа пеењето игра една голема улога. Свети Августин вели дека оној кој пее два пати се моли! Со задоволство верувам во тоа, затоа што ако е вистина, тогаш јас во својот живот навистина многу молам – вели Бочели.

Зборувајќи пак за својата вера рече дека верата е пат преку која човекот се обидува да ја сфати смислата на животот. Мислам дека на сите им се случува да размислуваат за тоа што е смислата на животот  – напомена Бочели и додаде: Постојат два начини на верување: она на христијанинот, кој на Бог ја доверува целата своја надеж и доверба и она на Јага од „Отело“ на Шекспир, кој зборува: „Верувам во суров Бог кој ме создаде сличен на него“. И така може да се верува. Дури тоа е и пологично, отколку воопшто да не се верува  – истакна на крајот од разговорот италијанскиот тенор Андреа Бочели.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот