Ангел Господов: Христовите ученици не може да бидат робови на стравот и вознемиресноста

Ангел Господов: Христовите ученици не може да бидат робови на стравот и вознемиресноста

Надежта во Бог овозможува да не паднеме со духот заради трагичните настани. Напротив, тие се можност за сведочење – рече папата Фрањо во говорот за време на молитвата Ангел Господов во недела 17 ноември 2019 година

Евангелието во оваа претпоследна недела во литургиската година ни го донесува Исусовиот говор за последните времиња – рече ппаата Фрањо на почетокот од пладневниот говор и меѓу другото, напомена дека Исус на оние кои сакаат да знаат кога и како ќе се случи тоа, им одговара со типично апокалиптичен јазик од Библијата. Папата исто така додаде дека Исус користи две привидно спротивни слики, односно прво ги спомнува бројните застрашувачки настани, катастрофи, војни, глад, неред и прогонства (сп. Лука 21,9-12), а потоа уверува: „Но, ни влакно од главата ваша нема да загине“ (Лк 21,18).

Токму надежта во Бог овозможува да не паднеме со духот поради трагичните настани. Напротив, тие се можност за сведочење (сп. Лука 21,13) – рече Светиот Отец и додаде: Христовите ученици не може да останат да бидат робови на стравот и вознемиреноста. Напротив, тие се повикани да се вселат во историјата и да ја запрат деструктивната сила на злото, сигурни дека во добрите дела секогаш ги помага Господовата провидоносна и смирувачка нежност. Тој е оној кој го води нашето постоење и ја знае крајната цел на работите и настаните.

Господ нѐ повикува да соработуваме со Него во создавањето на историја, станувајќи со Него миротворци и сведоци за надеж во иднина на спасение и воскресение. Верата нѐ поттикнува да одиме со Исус, често по патишта со кривини од овој свет, со сигурност дека силата на Неговиот Дух ќе ги покори силите на злото и ќе ги подложи на силата на Божјата љубов – истакна Папата и се осврна на мачениците од нашето време кои во наследство ни го предаваат Евангелието на љубов и милосрдие, најскапоцено богатство и најефикасно сведоштво, одговарајќи на омразата со љубов, а на навредата со простување.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот