Ангел Господов: Семејството е наша приказна, наши корени

Ангел Господов: Семејството е наша приказна, наши корени

Празник е на Светото семејство, а папата Фрањо во наговорот пред молитвата Ангел Господов на 26 декември се фокусираше токму на понизното и едноставно назаретско семејство истакнувајќи како сите потекнуваме од семејства и дека е потребен секојдневен труд за семејството заедно да расте.

Семејството е приказна од која потекнуваме – тоа е првиот аспект кој Папата го нагласи пред верниците за време на молитвта Ангел Господов на 26 декември 2021 година на плоштадот Свети Петар во својот вообичаен неделен наговор.

Осврнувајќи се на евангелието за неделната Литургија, Папата говореше дека е прекрасно да се види Исуса вметнат во секојдневните човечки односи кои растеле и се развивале во нежноста и грижата од неговите родители. Тоа е важно и за нас, истакна Светиот Отец. Доаѓаме од приказни кои ги прават љубовните врски и личност каква што сме денес родена и не е толку заради материјалните добра со кои се користиме, туку од љубовта која сме ја примиле во крилото на семјството. Можеби не сме родени во исклучително семејство лишено од проблеми, напомена Папата, но тоа е нашата приказна, секој треба да помисли – тоа е мојата приказна, тие се нашите корени – ако си ги отсечеме, животот пресушува! Бог нѐ не создал за да не бидеме осамени чувари, туку за да одиме заедно, рече Папата повикувајќи да молиме за своето семејство.

Другиот аспект кој го истакна е потребата секојдневно да учиме за да бидеме семејство. Дури во Евангелието гледаме дека ниту во Светото семејство не одело сѐ лесно: имало неочекувани проблеми, анксиозност, страдање. Во евангелскиот дел од неделната Литургија после три дена барање Марија и Јосиф го пронајдоа Исуса во храмот, на што Тој им одговара дека треба биде во она што е на неговиот Отец, а тие не разбрале. Им требало време за да научат да го запознаат својот Син. Така е и со нас, рече Светиот Отец – секој ден семејството мора да научи да ги слуша и да се разбираме едни со други за да одиме заедно, да се соочиме со конфликтите и со тешкотиите. Тоа е секојдневен предизвик кој се надминува со исправен став, со малите дела, со грижа за деталите за нашите односи.

Примерот како тоа се прави можеме да го пронајдеме во Марија која на Исус му зборува дека неговите родители загрижено го барале – во Светото семејство пред „јас“ доаѓа „ти“, објасни Папата. За да се заштити хармонијата во семејството, треба да се бориме против „јас“ диктатурата, нагласи Папата. Опасно е кога наместо меѓусебно слушање се обвинуваме едни со други за грешките: наместо да покажеме грижа за другиот насочени сме на сопствените потреби; наместо дијалог се изолираме со своите мобилни телефони; меѓусебно се обвинуваме повторувајќи ги истите фрази, поставувајќи ја старата сцена во која секоја личност сака да биде во право и која секогаш завршува со студено молчење.

Папата го повтори советот нека семејството навечер после сѐ да се помири. Никогаш не одете во кревет, а да не сте склопиле мир, инаку утре ќе има „студена војна“! Тоа е опасно предупреди Папата, затоа што започнува со приказна на прекор и огорчување. Колку пати за жал се создаваат и растат конфликтите внатре во домовите заради долготрајното молчење и неконтролираната себичност, што понекогаш завршува дури и со морално насилство. Тоа ја уништува хармонијата и го убива семејството, предупреди папата Фрањо. Да го претвориме „јас“ во „ти“, повика поттикнувајќи и секојдневна заедничка молитва за дарот на мирот. На крајот Светиот Отец ги повика сите – родители, деца, Црквата и општеството – нека се посветат на одржување, одбрана и заштита на семејството кое е нашето богатство, и ја молеше Дева Марија нека ги штити нашите семејства.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот