Ангел Господов: Не можеме мирно да гледаме на гладта во светот

Ангел Господов: Не можеме мирно да гледаме на гладта во светот

Соберете ги останатите парчиња, за да не се загуби ништо! Што правите дома со храната која преостанува?

Евангелието од денешната Литургија ни зборува за умножувањето на лебовите и рибите – рече папата Фрањо за време на пладневната молитва Ангел Господов во недела 29 јули 2018 година на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Гледајќи го големото мноштво кое го следеше кај Галилејското море, Исус се обраќа на апостол Филип и го прашува: „Од каде да купиме леб, за да јадат овие?” Имено оние малку пари што ги имале Исус и апостолите не биле доволни за да се нахрани толку голем број луѓе. Тогаш Андреј, еден од дванаесетте ученици, донесува кај Исус едно момчето кое даде сѐ што имаше: пет леба и две риби. Но што е тоа за толку души? – праша Андреј.

Момчето исто така го гледаше мноштвото – рече Папата – го гледаше својот леб кој го имаше и рече: тоа е тоа што го имам, ако тоа може да послужи, го давам. Тоа момче нѐ поттикнува на размислување. Тоа е неговата храброст… Такви се младите, имаат храброст. Мораме да им помогнеме да напредуваат во таквата храброст – рече Светиот Отец. Сепак, Исус нареди на апостолите да ги поседнат луѓето, а потоа го зеде лебот и рибите, заблагодари на Отецот и ги раздели, и сите се наситија.

Со овој евангелски дел Литургијата нѐ поттикнува да не престануваме да гледаме во Исус, кој во евангелието според Марко, кое го читавме минатата недела, гледајќи го големото мноштво, се сожали над нив. И момчето кое имаше пет леба сфати дека Исусово сочуство го поттикна да го даде она што го има – рече Папата и продолжи: Денес пак, евангелистот Иван повторно ни го покажува Исус кој внимателно се грижи за основните потреби на луѓето. Настанот произлегува од конкретен факт: луѓето се гладни, а Исус ги вклучува своите ученици како тој глад би бил надминат.

Исус не се ограничил само на давање храна на мноштвото – напомена Папата – туку им го дава своето Слово, утеха, своето спасение и на крај својот живот. Сигурно, и тоа го направи, се погрижи и за храна на телото. Меѓутоа ние неговите ученици, не можеме да се залажуваме. Само ако имаме чувства за наједноставните потреби на народите, и ако ги придружуваме во нивните конкретни животни прилики, ќе може да нѐ слушнат кога зборуваме за поголеми вредности.

Божјата љубов кон човештвото кое е гладно за леб, слобода, правда, мир и посебно за неговата божествена милост, никогаш не недостасува – рече папата Фрањо и додаде: Исус и дене ги храни луѓето, присутен е на жив и утешен начин, правејќи го тоа преку нас. Поради тоа Евангелието нѐ повикува да бидеме расположиви и активни како тоа момче, кое стана свесно дека има пет леба и вели: „Го давам тоа што го имам, а ти гледај понатаму….’

Соочени со крикот на глад, од сите видови на глад, многу браќа и сестри во секој дел од светот, не можеме тоа само мирно да го гледаме како да не се однесува на нас. Навестувањето на Христос, лебот на вечниот живот, бара великодушна ангажираност за солидарност кон сиромашните, слабите, последните и беспомошните. Тие дела кои искажуваат близина и љубов, се најдобра потврда за квалитетот на нашата вера како на лично, така и на ниво на заедницата – истакна папата Фрањо.

На крајот од тој настан, кога сите се наситија, Исус им вели нна учениците: „Соберете ги останатите парчиња, за да не се загуби ништо!“ Би сакал да ви предложам да размислувате токму за оваа реченица – рече Светиот Отец и додаде: Мислам на луѓето кои се гладни, а ние колку храна фрламе. Секој од нас мора да размисли што прави со храната која му останала од ручекот и вечерата. Ако имате навика да ја фрлате храната, препорачувам да разговарате со своите дедовци и баби, кои живееле во времето после Втората светска војна и да ги прашате што правеле со храната која преостанувала. Никогаш не фрлајте ја храната која ви преостанува. Тоа е совет, но и испит на совеста: Што правите дома со храната која преостанува?

Да ја молиме Блажена Дева Марија во светот да преовладуваат програми кои се посветени на развој, храна и солидарност, а не на омраза, вооружување и војни. Да не ја заборавиме сликата на храброто момче кое го даде она малку што го имаше за да се нахрани големото мноштво. Секогаш бидете храбри и не заборавајте го прашањето со храната која преостанува во вашата куќа – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот