Ангел Господов: Молитва за Украина

Ангел Господов: Молитва за Украина

По завршувањто на светата Литургија на 4 септември 2022 година, која папата Фрањо ја служеше на плоштадот Свети Петар во Ватикан, на која за блажен го прогласи Иван Павле I, Папата ја предводеше молитвата Ангел Господов.

Светиот Отец се заблагодари на сите за учеството, поздравувајќи ги кардиналите, свештениците, бискупите, официјалните делегации и ходочасниците, особено оние од Венеција, Белуно и Виторио Венето – „места поврзани со човечкото, свештеничкото и бискупското искуство на блажениот Албино Лучијани“.

Папата побара застапништво на Дева Марија за „да измоли дар на мир во целиот свет, а посебно во страдалната Украина“.

„Таа, првата и совршена Господова ученичка, нека ни помогне да го следиме примерот и светоста на животот на Иван Павле I“, истакна на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот