Ангел Господов: Исус секогаш верен, дури и кога ни недостига вера

Светиот Отец пред молитвата Ангел Господв се обрати на собраните верници. „Пред да го завршиме ова славење сакам да ве поздравам сите вас кои дојдовте од сите делови на Албанија и од блиските земји. Ви благодарам на присуството и сведоштвото на верата. На посебен начин сакам да ги поздравам младите. Ми велат дека Албанија е најмлада земја во Европа. Ви се обраќам вам, млади: ве повикувам да ги градите своите животи на Исус Христос, на Бог:“ „Оној кој гради на Бог“ – објасни Папата – „гради на Камен, бидејќи Он е секогаш верен дури и кога ни недостига вера. Исус нè познава најдобро од било кој друг; кога ќе погрешиме, Он нè не осудува туку вели: Оди и не греши повеќе.“

Драги млади вие сте новата генерација на Албанија, иднината на татковината. Со силата на Евангелието и со примерот на своите предци, со примерот на мачениците, знајте да кажете „не“ на идолопоклонството на парите, „не“ на лажната слобода на индивидуализмот, „не“ на зависноста и насилството“ истакна Папата и продолжи: „Но знајте да кажете „да“ на културата на средба и солидарност; „да“ на убавината која е неразделна од доброто и вистинското; „да“ на животот со голем ентузијазам кој е истовремено верен во малите работи: На овој начин  трагот на вашите предци и оние кои денес со вашата татковина одат напред ќе изградите подобра Албанија и подобар свет,“ – истакна папата Фрањо.

„Да се свртиме кон Дева Марија која ја чествувате повеќе како „Нашата Богородица од добриот совет.“ Стоиме пред Неа во духот; во нејзиното светилиште, за вас драгото Скутари и ја доверуваме целата Црква во Албанија и сите луѓе на ова земја посебно семејствата, децата и старите кои се живо сеќавање на народот. Нека Богородица ве следи во „заедничкото одење со Бог кон надежта која не разочарува“ – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот