Ангел Господов: Исус е Оној кој ги зближувa генерациите

Исус е Оној Кој ги зближува генерациите, рече Светиот Отец пред молитвата Ангел Господов на 28 декември 2014 година. Ова прва недела по Божиќ додека уште сме потопени во радосната атмосфера на празникот, Црквата нè повикува да размислуваме за Светото Семејство од Назарет. Евангелието денес ни ја претставува Богородица и свети Јосиф во моментот кога тие – четирисет дена по Исусовото раѓање – одат во храмот во Ерусалим. Тие тоа го прават од верска послушност на Мојсевиот закон, кој пропишува да се принесат на Господ првородените (Лк 2,22-24). Можеме да го замислиме ова мало семејство среде толку многу луѓе во големите тремови на храмот – продолжи Папата. По ништо не се истакнуваат, но сепак не поминуваат незабележани! Двајца стари луѓе Симон и Ана поттикнати од Светиот Дух им пристапуваат и започнуваат да го фалат Бог за тоа Дете во кое го препознаваат Месијата, светлина за просвета на незнабошците и слава на Твојот народ Израилот. (Лк 2,22-38)

Едноставен, но преполн со пророштва: средба помеѓу младиот пар полн со радост и вера заради милоста што Господ им ја искажал; и двајца стари луѓе исто така исполнети со радост и вера заради делувањето Светиот Дух, Кој прави да се сретнат? – Исус. Исус е Оној Кој ги зближува генерациите. Он е извор на љубов која ги обединува семејството и луѓето надминувајќи ја секоја недоверба, разделеноста на секое одделување. Тоа нè поттикнува да мислиме на дедовците и бабите: колку е важно нивното присуство! Колку е скапоцена нивната улога во семејствата и во општеството! Добриот однос помеѓу младите и старите луѓе е клучно за напредување како на граѓанската така и на црковната заедница – рече Светиот Отец и додаде:

Пораката која доаѓа од Светото Семејство е пред сè порака на верата. Во семејниот живот на Марија и Јосиф Бог е навистина во центарот: и тоа во Исусовата личност. Тоа е причината зошто тоа назаретско семејство е наречено Свето – бидејќи Исус им е во центарот – рече Папата. Кога родителите и децата заедно ја дишат атмосферата на верата поседуваат сила која им овозможува да се соочат и со тешките искушенија како искуството со бегството на Светото Семејство во Египет.

Детето Исус со мајка му Марија и свети Јосиф претставуваат едноставно, но толку светла слика за семејствата. Светло со кое Светото Семјство блеска е светлото на милости и спасение за целиот свет; светло на вистината за секој човек, за големото семејств – човештвото и за поединечните семејства. Тоа светло кое доаѓа од Светото Семејство нè поттикнува да ја понудиме човечката топлина во оние семејни ситуации во кои од различни причини недостасува мирот, слогата и простувањето. Нека нашата конкретна солидарност не се намали, особено во однос на семејствата соочени со најтешките ситуации како болести, недостаток на вработување, дискриминација, неразбирање, разделеност или принудно иселување…

Да запреме овде – поттикна Папата – за да се помолиме во во тишина за сите тие семејства (Радувај се Маријо…)…

По молитвата Ангел Господов Светиот Отец рече дека мисли на патниците во малезискиот авион кој исчезна на линијата помеѓу Индонезија и Сингапур, како и на патниците на бродската несреќа на Јадранот. Посебно ги поздрави сите присутни семејства и другите групи поклоници и ги отпушти со својот вообичаен поздрав.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот