Ангел Господов: Исус бара вера која ги менува животите, а не површна вера

Ангел Господов: Исус бара вера која ги менува животите, а не површна вера

Преобраќањето е процес на чистење од моралните наслаги, затоа никогаш не е безболно. Патот до преобраќање поминува низ многу страдање. Нема светост без откажување и духовна борба – рече папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар на 27 септември 2020 година. Говорот на папата го пренесуваме во целост.

Драги браќа и сестри!

Мојот роден крај се вели „Во тмурните времиња биди со ведро лице“ Со тоа „ведро лице„ ви велам добар ден.

Исус со своето проповедање за Царството Божјо се спротивставува на религиозноста која не го вклучува човечкиот живот, која ја затапува човечката совест и не бара нејзина одговорност за доброто и злото. Тој исто така ја кажува параболата за двајцата синови која ја среќаваме во евангелието според Матеј (сп. 21,28-32). На повикот на таткото да одат и да работа во лозјето, првиот син импулсивно одговара „не, нема да одам“ но потоа се предомисли и отиде; другиот син, напротив, веднаш одговори: „да, да татко“ но всушност не го прави тоа што го вели, не оди во лозјето да работи. Послушноста не се состои во тоа да се каже „да“ или „не“, туку секогаш е делување, во обработување на лозјето, во остварување на Божјото царство, во правењето добро. Со тој едноставен пример Исус сака да ја надвладее религијата која се сфаќа само надворешно и вообичаена пракса, која не влијае на животот и ставовите на луѓето, сака да ја надмине површноста, „обредната“ религиозност во лоша смисла на тој збор.

Претставниците на таа „површна“ религиозност која Исус не ја одобрува, во тоа време биле првосвештениците и старешините народни“ (Матеј 21,23), кои според опомената од Господ, во Царството Божјо ќе бидат испреварени од цариници и блудници (сп. ред 31). Исус вели: „Вистина ви велам, цариниците и блудниците ќе ве испреварат во Божјото Царство. Оваа изјава не треба да нѐ наведе да заклучиме дека добро постапуваат оние кои не ги пазат Божјите заповеди, оние кои не го почитуваат моралот и велат: „Па оние кои одат на Црква се полоши од нас“! Не тоа не е Исусовото учење. Исус не покажува на цариниците и блудниците како на примери за животот, туку како оние кои се „привилегирани од милоста“. И би сакал да го нагласам овој збор: „милост“, милост, затоа што преобраќањето секогаш е милост. Милоста која Бог ја нуди на секој кој се отвора за него и му се обраќа. Имено, тие луѓе, слушајќи го неговото проповедање, се покајале и ги промениле своите животи. Да се сетиме на Матеј, на примерот на свети Матеј, кој бил цариник, предавник на својата татковина.

Во денешното Евангелие оној кој остава подобар впечаток е првиот брат, не затоа што кажал „не“ на својот татко, туку затоа што неговото „не“ го претворил во „да“, се покајал. Бог со секој од нас е трпелив, не се изморува, не се откажува од нашето „не“, исто така ни остава слобода да се оддалечиме од него и да погрешиме. Прекрасно е да се размислува за Божјата трпеливост! Да се размислува за тоа како Господ секогаш нѐ чека, секогаш е покрај нас за да ни помогне, но ја почитува и нашата слобода. И тој желно го очекува нашето „да“, повторно да нѐ прими во своите татковски прегратки и да нѐ исполни со своето бескрајно милосрдие. Верата во Бог бара секој ден да го одбереме доброто, а не себичноста. Кој ќе направи пресврт кон тој избор, откако ќе доживее грев, ќе ги најде првите места во Царството небесно, каде што ќе има поголема радост за еден преобратен грешник отколку за деведесет и девет праведници (сп. Лука 15,7).

Но преобраќањето, промената на срцата е процес кој нѐ прочистува од моралните украсувања. А понекогаш тоа е и болен процес, затоа што нема пат до светоста без одредено откажување и без духовна борба. Треба да се бориме за доброто, да се бориме да не паднеме во напаст, да правиме од наша страна она што е во наша моќ како при тоа би доспеале да живееме во мир и радост на блаженството. Денешното евангелие го преиспитува начинот на христијанскиот живот кој не се состои од сонови и убави намери, туку од конкретно посветено залагање како секогаш би биле отворени за Божјата волја и љубов кон своите браќа. Преобраќањето е милост кое секогаш мораме да го бараме: „Господи дај ми милост да се поправам. Дај ми милост да бидам добар христијанин.“

Пресвета Богородица нека ни помогне да бидеме поучливи во делувањето на Светиот Дух. Тој е оној кој ги омекнува градите од камен и ја буди во срцето подготвеноста за покајание како би го стекнале живот и спасение кое што го вети Исус.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот