Ангел Господов: Желбата за моќ нѐ прави робови

Ангел Господов: Желбата за моќ нѐ прави робови

Во своето пладневно обраќање во Првата недела од Великиот пост, папата Фрањо се осврна на пасус од Евангелието што зборува за искушението на Исус во пустината; ѓаволот понекогаш се прикажува под, навидум, облици на добри или свети причини. Папата затоа предупреди дека поседувањето на работи, моќта и славата, се отров на страста во која е вкоренето злото.

Алчноста и славата, поседувањето, моќта и успехот, сето тоа е „отровот“ што не прави опседнати, робови, поради кои живееме измамени. Мораме да бидеме внимателни – рече папата Фрањо во своето пладневна обраќање во Првата недела од Великиот пост, недела 6 март 2022 година, во кое размислуваше за дел од Евангелието кое зборува за 40-те дена на Исус во пустината, кога ѓаволот го ставил на искушение три пати. Истиот ѓавол и нам ни се претставува, со нежни очи, ангелско лице, па дури и може да се преправа со свети, навидум религиозни побуди! – истакна Папата. Мораме да внимаваме да не се впуштаме во дијалог со искушенијата кои често се прикажуваат под привид на добро и да не правиме компромиси со злото.

Да се избере слободата

Зборувајќи за Христовото искуство во пустината низ кое 40 дена го водел Светиот Дух, Папата објасни дека пустината претставува борба против заведувањето на злото, за да научиме да ја избираме вистинската слобода. Токму преку оваа духовна борба Тој решително го потврдува она што Месијата има намера да биде – забележа Папата и „одблиску“ – како што рече – ги разгледа искушенијата против кои се бори Исус, а кои се исти, кои и нас нè придружуваат на патот на животот.

Отровот на страстите

Ѓаволот двапати му се обраќа на Исус со зборовите: „Ако си Син Божји…“ односно, му предлага да ја искористи својата позиција; прво да ги задоволи материјалните потреби што ги чувствува; потоа да ја зголеми својата моќ; и конечно да прими чудесен знак од Бога – објасни Светиот Отец. Како да вели: „Ако си Син Божји, искористи го тоа!“, односно мисли за сопствена корист.

Тоа е заводлив предлог, но води во ропство на срцето; нè прави опседнати со силна желба да поседуваме, сѐ се сведува на поседување работи, моќ и слава. Тоа е суштината на искушението. Тоа е отровот на страста во кој е вкоренето злото. Да погледнеме во себе и ќе откриеме дека нашите искушенија секогаш имаат ваква шема, секогаш таков начин на дејствување – рече Папата.

Одговорот на злото е Словото Божјо

Христос на победнички начин се спротивставува на привлечностите на злото. Тоа го прави со тоа што на искушенијата одговора со Божјото Слово, кое вели да не се искористува, да не го искористува Бог, другите и работите заради себе, да не ја искористува својата положба за да стекне привилегии. Вистинската среќа и слобода не се во поседувањето, туку во споделувањето; не се во искористување на другите, туку во љубовта кон нив; не се во опседнатоста на власта, туку во радоста на служењето.

Нема дијалог со ѓаволот

Ѓаволот, кој е лукав, секогаш користи измама – предупреди Папата. Тој сакаше да го убеди Исус дека неговите предлози се корисни како би покажал дека тој навистина е Божји Син. Но, Исус не води дијалог со ѓаволот – истакна Папата. Исус никогаш не разговарал со ѓаволот. Или го избркал додека ги лекувал опседнатите или, во овој случај кога морал да одговори, одговорил со Божјото Слово.

Никогаш не треба да се влегува во дијалог со ѓаволот, тој е поитар од нас. Мораме да се држиме до Божјото Слово како Исус и секогаш да одговараме со Божјото Слово. На тој пат нема да погрешиме.

Ако се препуштиме на неговото ласкање, на крајот ќе го оправдаме нашето преправање со тоа што ќе го маскираме со добри намери. Направив чудни работи, но им помогнав на сиромашните; Ја искористив мојата улога – политичари, владетели, свештеници, епископи – но со добра намера; Попуштив на моите инстинкти, но никого не повредив – рече Папата, давајќи ги овие примери и предупреди: Ве молам, нема компромис со злото! Нема дијалог со ѓаволот!

Без нагодувања

Со искушението не смее да се разговара – повторно истакна Светиот Отец. Не смееме да паднеме во сонот на совест која вели: сепак, не е ништо сериозно, сите така прават! Односно, не смееме да мислиме дека е несериозно. Да го погледнеме Исус – поттикна Папата – кој не бара нагодувања, не склучува договори со злото. Се спротивставува на ѓаволот со Словото Божјо и на тој начин ги победува искушенијата.

Нека овој пост и за нас биде период во пустина. Да одвоиме простор за тишина и молитва. Ќе ни дојде добро; да застанеме на тие простори, да погледнеме што нè мачи во срцето, нашата внатрешна вистина, онаа за која знаеме дека не може да се оправда. Да бидеме јасни во себе, ставајќи се пред Словото Божјо во молитвата, за да дојде во нас благотворна борба против злото што нѐ прави робови, борба за слобода – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот