Ангел Господов: Единствено Божјото Слово нѐ ослободува

Ангел Господов: Единствено Божјото Слово нѐ ослободува

Папата Фрањо во недела 12 јули 2020 година пред молитвата Ангел Господов истакна дека мораме да го прифатиме Словото Божјо и да станеме плодна почва без трње и камења, како би донеле добри плодови за себе и за своите браќа. Говорот на Папата го пренесуваме во целост.

Драги браќа и сестри, добар ден!

Во Евангелието од оваа недела (сп. Матеј 13,1-23) Исус ја кажува на големо мноштво народ параболата –  која сите ја знаеме – за сејачот кој го фрла семето на четири различни видови земја. Божјото Слово кое го симболизира семето, не е апстрактен збор, туку самиот Христос, Слово на Отецот кое се овоплоти во утробата на Марија. Затоа, да се прифати Словото Божјо значи да се прифати Христовата личност, самиот Христос.

Постојат различни начини на примање на Словото Божјо. Тоа можеме да го направиме како пат, на кој птиците веднаш доаѓаат и го колваат семето. Тоа е растресеноста, големата опасност на нашето време. Преокупирани сме со многу обврски и идеологии, изложени на постојани можности да се растресеме во сопствениот дом и надвор од него, можеме да го изгубиме чувството за тишина, собраност, за дијалог со Господ, толку многу се изложуваме на опасности за губење на верата за да не го прифатиме словото Божјо. Сѐ би сакале да видиме, сите тие световни работи нѐ прават да бидеме растресени.

Втората можност е да го прифатиме Божјото Слово како каменита почва, со малку земја. Таму семето брзо никнува, но и брзо се суши, затоа што не успева да пушти длабоки корени. Тоа е слика за оние кои го прифаќаат Словото Божјо со моментално воодушевување, кое меѓутоа, станува површно, не станува едно со Божјото Слово. И така при првата тешкотија, страдање или неволја во животот, како и верата, која е уште слаба, исчезнува, како што се суши семе кога ќе падне во трње.

Можеме, понатаму и тоа е третата можност за која Исус зборува во споредбата – да се прифати Божјото Слово и како земја на која расте трнливи грмушки. Трњето е измамата на богатството, успехот, световните грижи. Тамо Божјото Слово малку пораснува, но останува задушено, не е силно, умира и не донесува плод.

На крајот е четвртата можност – можеме да го прифатиме како добра земја. Тука и единствено тука семето пушта корен и дава плод. Семето кое паѓа на таа плодна земја ги претставува оние кои Божјото Слово го слушаат, прифаќаат, го чуваат во срцето и го спроведуваат во живото со дела.

Оваа споредба со сејачот е како „мајка“ на сите споредби, затоа што зборува за слушање на Божјото Слово. Ни довикува во памет дека Божјото Слово е семе кое во себе е плодно и делотворно, а Бог насекаде великодушно го сее, не осврнувајќи се на загубите. Такво е Божјото срце! Секој од нас е земја на кое паѓа семето на Божјото Слово, никој не е исклучен. Божјото Слово е дадено на секој од нас. Можеме да се прашаме каков вид на почва сум јас? Дали наликувам на пат, каменита почва или полно со трње? Но ако сакаме можеме со Божјата милост да станеме добра почва, исплевена и грижливо обработена, како семето на Божјото Слово би созреало. Тоа е веќе присутно во нашето срце, но дали ќе донесе плод зависи од нас, зависи од тоа како го прифаќаме тоа семе. Често сме растресени поради премногу работи кои нѐ интересираат и не мамат, тешко е меѓу многу гласови и зборови да се препознае Господовото Слово, единственото кое ослободува.

Затоа е важно да се навикнеме да го слушаме Словото Божјо, да го читаме. Уште еднаш се навраќам на оној совет: Носете секогаш со вас мало Евангелие, џебно издание на Евангелието, во џеб, во торба… И така секој ден прочитајте еден мал дел како би се навикнале да го читате Словото Божјо и сфатите добро кое е семето кое ти го нуди Бог и да мислиме на тоа на каква почва го примаме.

Дева Марија совршен пример за добра и плодна почва, со својата молитва нека ни помогне да станеме почва без трње и камења кое лесно го прима Словото Божјо, како би донеле добри плодови за себе и за своите браќа.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот