Ангел Господов: „Вам, пак, кои верувате, Он ви е чест“

На 2 октомври 2016 година папата Фрањо по светата Литургија за време на молитвата Ангел Господов на присутните верници им порача дека верата на Азербејџан и покрај долгогодишните прогони остварила чуда.

На 2 октомври 2016 година папата Фрањо по светата Литургија за време на молитвата Ангел Господов на присутните верници им порача дека верата на Азербејџан и покрај долгогодишните прогони остварила чуда и како и свети Иван Павле II во 2002 година им ги упати зборовите на апостол Петар: „Вам, пак кои верувате, Он ви е чест“ (1Петр 2, 7). На крајот се заблагодари на салезијанската заедница како и на Мисионерките на љубовта за нивната посветеност за служењето и ги поттикна да продолжат ревно и со воодушевување да им служат на другите.

Текстот од Ангел Господов го даваме во целост:

Драги браќа и сестри,

Во оваа евхаристиско славење заедно му се заблагодаривме на Бог, а и самиот му се заблагодарив на Бог за вас: овде верата – по многу години прогонство направила чуда. Сакам да се присетам на храбрите христијани кои верувале во Господ и покрај неволјите останале верни. Како што тоа го направи Иван Павле II, така и јас ви ги нудам зборовите на апостол Петар: „Вам, пак кои верувате, Он ви е чест!“ (1Петр 2, 7; Хомилија, Баку, 23 мај 2002).

Нашите мисли сега ги упатувам кон Дева Марија која во оваа земја не ја почитуваат само христијаните. Нејзе и ги упатувам зборовите на арахангелот Гаврил кој и ја донесол Радосната вест за спасение кое Бог го подготвил за човештвото.

Во светлината која зрачи од мајчинскиот поглед на Марија топло ве поздравувам драги верници Азербејџанци, додека секого поединечно од вас го охрабрувам меѓусебно и со вашите пастири да се обединете и радосно да ја сведочете верата, надежта и љубовта. Ве поздравувавам и искажувам зборови на благодарност посебно на салезијанското семејство кое толку добро се грижи за вас и кое промовира различни добри дела, како и на Мисионерските на љубовта: продолжето со ентузијазмот на својата работа во служба на сите!

Ги доверувам тие накани во застапништво на Пресвета Богородица и ја повикуваме нејзината заштита за нашите семејства, болните и старите луѓе, како и на сите оние кои страдаат во телото или духот.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот