Американски професор создаде база на податоци за кардиналите во Католичката црква

Папата Фрањо неодамна објави имиња на 19 нови кардинали. Многу корисници на интернет сакаат да дознаат кои се тие лица. Салвадор Миранда, професор на меѓународниот универзитет во Флорида осмисли прилично комплетна база, која содржи податоци не само за сегашните кардинали, туку и оние од 5 век.

Иако дизајнот на страницата е едноставен, сепак изобилува со информации на два јазика: англиски и шпански. Корисниците можат да пребаруваат по податоците категоризирани според датумот на именување, или според конклавите на кои учествувале. Исто така на страницата можат да се најдат биографии и слики од денешните кардинали.

Со информациите на страницата Кардинали на Католичката црква секој може да стане вистински познавач на Ватикан.

Лаудато/го*ко

1325

Категорија: Свет

За авторот