Акција на децата од Свети Иван Крстител Струмица: Витлеемска пештера за секој дом

Во недела 21 декември 2014 година децата од веронаучната група при парохијата Свети Иван Крстител Струмица по завршувањето на Светата Литургија на верниците им поклонија Витлеемски пештери. Во таа пригода децата преку краток рецитал им порачаа на верниците: Денес сакаме да ве изненадиме и да ви поклониме Витлеемска пештера. Таа нека биде симбол за Рождеството Христово во вашиот дом.

Пред почетокот на светата Литургија децата ги поставија Вилемемските пештери пред иконостасот, а на крајот од Литургијата беа благословени, како и Витлеемската пештера направена во Црквата.

Цел на оваа акција е во секој дом да има Вителемска пештера, визуелна претстава за настанот Рождество Христово.

За овој настан децата од веронаучната група во сабота 20 декември на креативна работилница во просториите на парохијата самите ги изработија Витлеемските пештери.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот