Акцијата „Подари љубов“ премина во вториот дел од реализацијата

Божиќната акција „Подари љубов“ која се организира во парохијата „Свети Иван Крстител“ Струмица од 29 декември 2014 година премина на вториот дел од реализацијата, односно со посета на стари, болни и осамени лица. Во овој дел од акцијата формираните групи за посета на тие лица посетувајќи ги во нивните домови во име на сите верници од парохијата им ги честитаат престојните празници со скромен бадников подарок. Претходно група верници ги подготвија бадниковите подароци. Предивдено е да бидат посетени повеќе од 50 лица.2670_1

Акцијата „Подари љубов“ започна на 7 декември со собирање на бадникови артикли и ќе трае до 6 јануари 2015 година.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот