Актерката Анџелина Џоли кај Папата

Папата Фрањо во четвртокот, ја прими американската актерка Анџелина Џоли, придружувана од две нејзини деца. Повод за средбата беше проекцијата на режија на нејзиниот филм „Unbroken“, посветен на Луис Џамперини, олимписки спортист за време на Втората светска војна, кој беше прикажан во седиштето на Папската академија на науките.

„Американската актерка се сретна со Папата по проекцијата на филмот – прецизираше пред новинарите ватиканскиот портпарол отец Федерико Ломбарди. Средбата беше кратка, но и покрај тоа Папата го поздрави сите групата кои ја придружуваа актерката, особено нејзините деца, на кои им подари за спомен Светата Бројаница“.

Ватиканскиот портпарол појасни дека поради краткоста на средбата, таа не може да се дефинира како аудиенција.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот