Ако селото ти се смее, тогаш си на добар пат

Ако селото ти се смее, тогаш си на добар пат

Сѐ е бруто и нето, сѐ е забава… ова се борови од една песна која отворено препорачува како сѐ се врти околу забавата и профитот, без разлика од која врста и да се. На мене ни од џебот ни во џебот, каква корист имам од тоа – ова се дел од фразите кои секојдневно можеме да ги слушнеме. А велат: криза е. И материјална и политичка и морална и духовна. Сепак, присутна е и една друга криза која никој не ја спомнува – криза на идеалот!

Пропагирањето на негативната перцепција и самољубието го парализираа општеството во сите негови сегменти, практично присилувајќи да поверува дека е невозможно било какво подобрување. Дури и кога некој храбри поединци, и покрај постоечката општествената клима, се одлучуваат да одат против оваа струја, на тој пат неминовно ги пречекува маса на луѓе кои во нив гледаат како фанатици па се обидуваат да ги приземјат преку изјавите како: денеска сите крадат и лажат; Нема овде фајде; Бегај од слепите работи… бидејки постои свест, која е многу присутна, па така фанатичката упорност ја доведува до прашањето за измислен песимизам и општо прифатена состојба на мрзеливост.

Сепак, гледано од страна на ситуацискиот и неутрален набљудувач, малку е невообичаено да се види некој кој се осмелува, кој во своите идеали вложува сѐ што има, се подредува според зацртаната идеја, мисла. Невообичаено е денес да се види некој кој земал голем залак да оди напред без да се осврнува на она што било, на оние кој му зборуват дека не може, па дури ниту на оној внатрешен глас кој уверливо му зборува (досадува) дека не се исплати! Бидејки тој знае што е! Вредно е (за него) секоја капка пот и секоја солза како таква, гледајки во целта, оној кој го зацртал посакувајќи го. Навистина, некогаш патот го одведува до пустинска пустелија, некогаш мора да ги прескокнува бариерите, понекогаш и да го бутка каменот на угорнина. Но тој и понатаму оди! Му се случува на патот и да падне, но, за разлика од другите, тој секогаш станува; се крши, но од скршеното извлекува снага; понекогаш и солзи му се гледаат, но тој покасно дава сјај во неговата насмевка.

Успева ли секој кој тргнува да го оствари зацртаното? Не задолжително. Но, иако не го постигне она што во почетокот мислел дека сака, на длабоко ниво се случува нешто што ги надминува сите надворешности и сѐ што е човечко: се случува спознавање дека патот по кој се осмелил да оди, ткае дар за препознавање и прифаќање на вистината дека секоја борба го јакне духот, секое одрекување дава надеж и секоја жртва раѓа љубов!

Господи, тешко е денес. Сите ни зборуваат дека не вреди, дека сѐ оди преку врски и дека треба да ја држиме својата „сенка“. Но ние не сакаме така! Не сакаме да бидеме пасивни набљудувачи! Сакаме да излеземе од нашата сенка! Сакаме да го промениме светот! На подобро!

Те молам, дај ни да ги препознаваме идеалите кои се вредни за борба, жртва и одрекување. Дај ни храброст да се бориме за нив по цена надворешно да се изгубиме и одлучност во тоа да истраеме! Те молиме уште, да ни дадеш чисто срце да знаеме да ја распознааме Твојата волја од нашата желба за докажување и разумност патем да не застраниме. Амин!

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

 

Категорија: Семејство

За авторот