Ако не му се спротивставуваме на злото, го храниме премолчено

Ако не му се спротивставуваме на злото, го храниме премолчено

Пред молитвата Ангел Господов во неделата на 12 август 2018 година, папата Фрањо рече дека да се биде добар христијанин е повеќе од само да не се прави зло: Добриот христијанин прави добро и активно се спротивставува на злото.

Папата Фрањо ја молеше молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар во неделата на 12 август 2018 година, со десетици илјади верници, вклучувајќи ја и големата група млади Италијанци на кои Папата им се обрати во саботата вечерта, на 11 август.

Во своето обраќање пред молитвата Ангел Господов, Светиот Отец рече дека не е доволно едноставно да не правиме зло. Но, да се биде добар христијанин, тој вели, „ние мораме исто така да се придружуваме до добрината и да правиме добро.“

Папата се осврна на второто читање од денот, и им рече на верниците „не го оскрбувајте Светиот Дух“ (Ефес 4, 30-5, 2).

Дали правите добро?

Папата Фрањо рече да се оскрбува Светиот Дух значи да не се живее според ветувањата дадени на нашето Крштение, со што сме се откажале од злото и се придруживме на доброто.

Многу пати сме слушнале некои велат „Никого не сум повредил“. „Тоа е добро“ – рече Папата. „Но, дали правиш добро?“

Папата Фрањо рече дека многу луѓе „не прават зло, но ниту прават добро.“ Тие луѓе ги поминуваат нивните животи „во рамнодушност, апатија и млакост.“ Овој став едноставно да не правиш зло е спротивно на Евангелието и на природата на младите луѓе. Папата даде едноставна формула за животот:

„Добро е да не правиш зло. Но е зло да не правиш добро!“

Спротивстави се на злото

Светиот Отец рече дека христијаните мора да простуваат и да не мразат; да се молат за своите непријатели и да не држат злоба; да донесуваат мир и да не предизвикуваат поделба.

Пред сѐ, рече Папата ние мораме „да ги прекинеме другите кога ќе слушнеме дека зборуваат лошо за некој друг“ и не само да се воздржуваме од лошо изјаснување.

Папата Фрањо рече дека злото се шири „каде што нема храбри христијани за да се спротивстават со добрина.“

„Ако не му се противставуваме на злото, го храниме премолчено.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот