Австралија: Католици и англиканци против новиот закон за потпомогнато самоубиство

Австралија: Католици и англиканци против новиот закон за потпомогнато самоубиство

Католичкиот надбискуп Марк Колериџи и англиканскиот надбискуп Филип Аспинал во заедничко соопштение изразуваат голема разочараност и загриженост заради најавата на лабуристичката премиерка Палашук дека во случај на победа на изборите ќе воведе нов закон за потпомогнато самоубиство.

Австралиските католици и англиканците изразија разочарување од најавата на лабуристичката премиерка на австралиската држава Квисленд Анастасија Палашук дека ако нејзината партија победи на избороте ќе воведе нов закон за потпомогнато самоубиство. Католичкиот надбискуп Марк Колериџ и англиканскиот надбискуп Филип Аспинал упатија заедничко соопштение во кое потсетуваат на обврската која претходно ја преземала владата односно дека Комисијата за реформи подготвува предлог закон и да го причека нејзиното мислење во парламентот во март

Станува збор за развој на настани кои се многу разочарувачки – рече надбискупот Колериџ, Католичката Црква силно се противи на потпомогнато самоубиство и бара пристап до палијативна грижа со висок квалитет за сите, почитување кон пациентите, заштитата на човековото достоинство и природа до крајот на животот. Никој не е морално принуден да трпи неподнослива болка, никој не смее да чувствува товар за другите и дека неговиот сопствен живот не вреди ништо – истакна надбискупот.

Заради тоа право на секој граѓанин на Квинсленд е да има пристап до палијативна грижа пред парламентот да ја озакони евтаназијата – напоменува надбискупот. Навистина, таа сигурно не е нешто за што треба да се брза, а уште помалку во ваков момент во кој самоубиството претставува државен проблем. Надбискупот потоа нагласи дека темелите на владината изборна кампања, потпомогнато самоубиство и затворање на границата всушност се во меѓусебна противречност затоа што едниот го загрозува животот, додека другиот има за цел да го заштити.

Истовремено англиканскиот надбискуп Аспинал рече дека е разочаран што извршната власт премиерката Палашук има намера да го намали финансисрањето на палијативната грижа, издвојувајќи само „28 милиони долари годишно“ додека барањата за тој сектор се „275 милиони долари“, за да може да им се овозможи грижа со висок квалитет на сите пациенти во државата без оглед на местото на живеење.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот