Аврил Лавин во новиот сингл пее како Бог ја спасил од смртта

Аврил Лавин во новиот сингл пее како Бог ја спасил од смртта

„Една вечер мислев дека ќе умрам, и прифатив дека ќе умрам. Мојата мајка лежеше со мене во креветот и ме држеше. Се чувствував како да се давам. Задишано се молев: „Те молам, Боже, помогни ми да ја држам мојата глава над водата.“

Славната канадска пејачка Аврил Лавин го објави новиот сингл кој е инспириран, како што самата вели: „преку духовно искуство“ кое ѝ се случило после молитвата кон Бог во моментот кога помислила дека умира.

Лавин, имено, се бори со лајмска болест, за која јавноста ја извести во 2015 година. Станува збор за инфективна болест која што ја причинуваат бактерии кои најчесто се пренесува преку крлежи, а може да доведе до хронично заболување кое го зафаќа секој орган, па така доведува и до големи здравствени компликации.

Дека состојбата со здравјето на Аврил е сериозна, се насети преку нејзината објава на Твитер од декември 2014 година во која ги замоли своите фанови за молитва со зборовите: „Не се чувствувам добро. Имам одредени здравствени потешкотии. Ве молам, држете ме во своите молитви.“

Моментот кога за неа во борба со својата болест бил најкритичен, го опиша неодамна на својата интернет страница, наведувајќи како почувствувала дека самиот Бог ја сочувал во живот или ѝ ја одржал „главата над водата“.

„Една вечер помислив дека ќе умрам, и прифатив дека ќе умрам. Мојата мајка лежеше со мене во креветот и ме држеше. Чувствував како да се давам. Задишано се молев: „Те молам, Боже, помогни ми да ја држам главата над водата.“

Во тој момент почна пишувањето на песната за овој албум. „Како да сум се удрила во нешто. Беше тоа духовно искуство. Стиховите протекоа од мене во тој момент“, пишува Аврил.

Оваа искуство го пренесува во стиховите на својата нова песна „Главата над водата“ која е објавена минатата среда, а нејзиниот рефрен гласи:

„Боже, држи ја мојата глава над водата/ Немој да ме пуштиш да се удавам, станува сѐ потешко/ Ќе се сретнеме кај олтарот/ Кога ќе паднам на колена/ Немој да ме пуштиш да се удавам, удавам, удавам/ Немој да ме пуштиш, немој да ме пуштиш да се удавам.“

Иако оваа обраќање кон Бог на многумина ќе им звучи необично, бидејќи Аврил во себе градеше имиџ на бунтовничка која не се држи до правилата, Аврил е одгледана во побожно католичко семејство. За тоа и сама даде до знаење кога во една прилика рече дека нејзината мајка секојаш знаела дека таа ќе биде пејачка бидејќи „на враќање од црквата пеела „ИСУС ме сака“.

Објавата на новиот албум на Аврил на кој ќе биде песната „Главата над водата“ се очекува до крајот на оваа година, а пејачката одлучила дека дел од заработката ќе оди за нејзиното здружение кое помага за заболените од лајмска болест.

Линк до песната:

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот