Средба на млади од Струмица, Нова Маала и Чанаклија

Струмица, 16.7.2013 /к.мк/ – Во Катедралната црква Успение на Пресвета Богородица – Струмица во недела 14 јули се одржа петатта средба на млади од Струмица, Нова Маала и Чанаклија, во склоп на подготовките за денот на млади.

На средбата беа презентирани различни теми од христијанскиот живот од страна на младите. Катедралниот парох, отец протоереј ставрофор Георги Трајков кон крајот на средбата ја објани смислата и поводот за Светскиот ден на млади.

Средбата заврши со дружење во црковниот двор.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*