Светиот Отец: Христос не се наследува за да се направи кариера

Ватикан, 28.5.2013 /к.мк/ – Да се навестува Исус не е глазура, но допира до срцата и не менува. Ова го рече папата Фрањо за време на Литургијата во вторник 28 мај во капелата на домот Света Марта во Ватикан. Папата истакна дека наследувањето на Исус не значи стекнување на поголема власт, бидејќи неговиот пат е пат до Крстот. На светата Литургија сослужуваше и архиепископот Рино Физикела, претседателот на Папскиот совет за Нова евангелизација. На светата Литургија присуствуваа и монсињор Хозе Октавијан Руиз Аренас, секретар на Папскиот совет за Нова евнгелизација како и група свештеници од ова ватиканска институција, вработени од термоелектраната, како и инж. Пјер Карло Кушан, директор на техничките служби во Ватикан.

Каква ќе биде наградата ако те следиме? Папата ја започна својата проповед поставувајќи го прашањето кое што Петар го упати на Исус, прашање кое се однесува на секој христијанин (Марко 10, 28-31). Исус одговори, дека сите кои ќе го наследуваат, ќе добијат многу убави работи, но сето ова е поврзано и со прогонство. Патот на Господ е пат на понижување, пат кој завршува на крстот. Поради овие причини ќе има секогаш потешкотии и прогонства, но Исус го помина овој пат пред нас. При тоа папата Фрањо предупреди: кога еден христијанин нема потешкотии во животот, кога се е во ред и се е убаво, тогаш нешто не е како што треба. Можеби некој ќе помисли дека е голем пријател на светот. Токму тоа е искушението својствено за еден христијанин.

Да се следи Исус да, но до одреден степен, да се следи Исус како една културна форма: јас сум христијанин, припаѓам на таа култура… Но без потреба за вистинско наследување на Исус, без желба да одиме по тој пат. Ако се наследува Исус само како културена подлога, тогаш се користи овој пат, за да се оди нагоре, за да имаме повеќе власт. А историјата на Црквата е полна со вакви примери, почнувајќи од некои цареви, управители и многу други. А некои од нив – не сакам да кажам многу, но некои – се свештеници, епископи? Некои велат дека нивниот број е голем … и некои мислат дека да се следи Исус е да се направи кариера.”

Папата потсети дека во литературата од пред двеста години се спомнува дека често се барало од детето „да направи кариера во црквата“. И истакна дека „многу христијани, искушувани од духот на светот, мислат дека да се наследува Исус е нешто убаво, бидејќи може да се направи кариера, може да се оди напред”. Но „ова не е во Духот”, туку е како и однесувањето на Петар, кој зборува за својата кариера, н кого Исус му одговори: “Да, сè ќе ти се даде, но откако ќе бидеш прогонуван”. „Не може да се отргне крстот од патот на Исус: тој секогаш постои”. Но тоа не значи дека христијанинот треба да биде секогаш повредуван. Христијанинот „го наследува Исус од љубов и кога се следи Исус од љубов, зависта на ѓаволот прави многу нешта”. „Духот на светот – истакна – не го поднесува тоа, не поднесува сведочење”:

Потсетете се на Мајка Тереза: Што вели духот на светот за Мајка Тереза? ‘Блажена Тереза е една убава жена, направи многу добри работи за другите …’. Духот на светот никогаш не вели дека блажена Тереза, секој ден со часови се молела пред Светото Причастие. Никогаш! Христијанското делување се сведува на правење добро на социјалното поле. Како христијанското постоење да е лак, глазура. Навестувањето на Исус не е глазура: навестувањето на Исус допира до коските, до срцето, навлегува во внатрешноста и менува. А духот на светот тоа не го прифаќа и затоа доаѓа до прогонства”.

Кој ќе го остави својот дом, своето семејство, за да го наследува Исус, рече папата Фрањо, ќе прими сто пати повеќе „и тоа сега во ова време“. Ќе прими сто пати повеќе, заедно со прогонствата. А тоа не треба да се заборави:

Да се наследува Исус е токму ова: од љубов да се оди по Него, зад него: по истиот пат.  А духот на светот ќе биде оној кој не поднесува и не тера да страдаме, да страдаме како Исус. Да ја побараме таа благодат: Да го наследуваме Исус по патот кој Тој ни го покажа, патот кој Тој ни го остави, поучувајќи не. Тоа е убавото, бидејќи никогаш не не остава сами. Никогаш. Тој секогаш е до нас. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*