Светиот Отец Фрањо: Црквата треба храбро да ја навестува Радосната вест

Ватикан, 3.5.2013 /к.мк/ – Сите христијани се должни храбро да ја пренесуваат верата. Ова е повикот на Папата Фрањо до присутните верници на денешната света Литургија во капелата на домот „Света Марта” во Ватикан. Во проповедта Папата истакна дека Исус не повикува да бидеме храбри во молитвата и ги повика христијаните да не бидат „умерени”. На светата Литургијата сослужуваше архиепископот Клаудио Марија Чели, претседател на Папскиот совет за социјални комуникации, а присуствуваа и швајцарските гардисти со нивниот командант Даниел Рудолф Анриг. На крајот на Литургијата Светиот Отец се обрати до гардистите, истакнувајќи дека нивното служење е „прекрасно сведоштво за посветеноста кон Црквата и љубовта кон Папата”.

„Господ нека ни подари благодат да бидеме храбри и постојаност во молитвата”. Тоа го посака Папата Фрањо, кој во проповедта зборуваше за храброста да се навестува Евангелието. Сите ние христијаните, кои сме ја примиле верата, рече Папата, „треба да ја предаваме, да ја навестуваме со нашиот живот и со нашите зборови”. „Но што е основата на нашата вера?”, праша папата Фрањо. Тоа е „верата во Воскреснатиот Исус, во Исус, кој со смртта ни ги прости гревовите и не помири со Отецот”:

„Предавањето на таа верата бара од нас да бидеме храбри. Храброст, која е едноставна. Се сеќавам на едно лично искуство: како дете, баба ми на секој Велики петок не водеше на процесија со свеќи и на крајот од процесијата не тераше да коленичиме пред мртвиот Исус, и ни велеше: „Видете сега е мртов, но утре ќе воскресне!” Така верата влезе во мене: верата во Христос, умрен и воскреснат. Во историјата на Црквата имало многумина кои се обиделе да ослабнат оваа сигурност, зборувајќи за едно духовно воскресение. Не, Христос е жив!”

Христос е жив, жив меѓу нас”, истакна папата Фрањо, кој ги повика христијаните храбро да го навестуваат Воскресението, Благата вест. „Но постои и една друга храброст, која Исус ја бара од нас”, рече папата:

„Исус не повикува на молитвата и ни вели: “Што ќе побарате во Мое име ќе го направам, за да биде прославен Отецот во Синот. “Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам … Тоа се силни зборови! Ајде да најдеме храброст и да отидеме кај Исус и да го замолиме вака: “Штом Ти рече така, направи го тоа! Направи така, верата да чекори напред, евенгелизацијата да чекори напред, овој проблем да се реши ….  „Ја имате ли таа храброст за таква молитвата? Или пак се молиме така, колку да одвоиме малку време за молитва?”

Папата напомена дека во Светото Писмо, Аврам и Мојсеј се осмелуваат да „преговараат со Господ”. Храброст, „која е во корист за другите, за Црквата”, која служи и денес:

„Кога Црквата ќе ја изгуби храброста, во неа почнува да царува атмосферата на умереност. Ова многу наштетува за Црквата, бидејќи умереноста не затвора и започнуваат проблеми меѓу нас; немаме отворен поглед, немаме храброст, храброст за молитва упатена кон небесата, ниту пак храброст да го навестуваме евангелието. Умерени сме! Имаме само храброст да се мешаме во неважни работи, во нашата завист, љубомора, кариеризам и да одиме напред себично. Имаме храброст само за овие работи, а тоа и штети на Црквата: Црквата треба да биде храбара! Сите ние треба да бидеме храбри во молитвата, на која на повикува Исус.” (Д.И.)

 

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*