Света Литургија за душата на покојниот епископ Јоаким Хербут

Скопје, 16.4.2013 /к.мк/ – Во понеделникот, 15 април во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ Н.В.П. д-р Киро Стојанов служеше Света Литургија за душата на покојниот Скопски бискуп и прв Апостолски егзарх во Македонија, д-р Јоаким Хербут.

Епископот Стојанов во својата хомилија потсети на скромноста и понизноста на неговиот претходник, кој беше на чело на Католичката црква во Македонија 35 години. Епископот Јоаким Хербут беше вистински пастир на стадото кое му беше поверено, за кое се жртвуваше сè до својата смрт.

На Светата Литургија покрај домашните свештеници беа присутни четириесетина свештеници од Хрватска кои беа во Скопје и се придружија во молитвите на годишнината од смртта на епископот Јоаким Хербут.(с.с)

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*