Патер Ломбарди: Бенедикт XVI не е тешко болен

Ватикан, 12.4.2013./к.мк/ – Ватиканскиот гласноговроник патер Федерико Ломбарди ги отфрли тврдењата на шпанскиот дневен весник Ел Мундо дека почесниот папа Бенедикт XVI е тешко болен, јавува ЦНА.

Шпанската дописничка од Ватикан, Палома Гомез Бореро за Ел Мундо изјави дека Бенедикт XVI е со многу лошо здравје.

Во последните 15 дена неговото здравје драстично е влошено изјавила Гомез Бореро во Мадрид при една презентација на незјината најнова книга.

Патер Ломбарди нагласи дека папата Бендикт XVI не е болен и дека тоа го потврдија и неговите лекари. Изјави дека го натажиле коментарите на новинарката Гомез Бореро и дека шпанската новинарка, која ја познава со години наназад, за здравствената состојба на почесниот папа Бенедикт XVI започнала да нагодува откако видела фотографии на кој тој едноставно е уморен. Да се тврди дека Бенедикт XVI е болен е неозбилно. За тоа нема никакви основи, – рече ватиканскиот гласновговорник.

Бенедикт XVI во моментот престојува во папската резиденција во Кастел Гандолфо. Во Ватикан ќе се врати во мај откако ќе бидат преуредени просториите во манастирот Матер Еклесија.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*