Папата ќе патува на Филипините?

Ватикан, 28.5.2013 /к.мк/ – Епископската конференција на Филипините се надева дека папата Фрањо ќе ги посети Филипините во 2016 година. Архиепископот Хозе Палма, претседател на Епископската конференција на Филипините за католичката информативна агенција Ucanews изјави дека поради термините на Папата е побарано од Ватикан Евхаристискиот конгрес во Сејбсити, да се одржи во јануари 2016 година, наместо планираниот термин во месец мај.

Претходно кардиналот од Манила Гауденцио Росалес изјави дека се надева дека папата Фрањо ќе ги посети Филипините во 2016 година

Росалес е еден од тројцата филипински кардинали кои зедоа учество на последните конклави, на кои папата Фрањо е избран за Петров наследник.

Папата Иван Павле II ги посети Филипините во 1995 година по повод Светскиот ден на млади, на кој учествуваа 4 милиони млади. (го*ко)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*